Достапни линкови

Осудени 6 лица за заговор за убиство на познат политичар во Молдавија


Владимир Плахотниук

Шест мажи се осудени на казна затвор во Молдавија поради обвинение за заговор за атентат врз политичарот и тајкун Владимир Плахотниук, кој е лидер на владејачката Демократска партија.

Судот во Кишињев го осуди лидерот на групата Валеријан Заболтони на 20 години затвор, а останатите добиле казни од 3 до 11 години. Обвинетите беа уапсени во април, минатата година и се изјаснија за невини. Според властите, наредбата за убиство на Плахотониук ја дал бизнисменот Григоре Карамалак кој е во бегство.

XS
SM
MD
LG