Достапни линкови

Кривична пријава за Никола Тодоров за несовесно работење


Никола Тодоров

Финансовата полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за „несовесно работење во службата“.

Пријавата се однесува на договори склучени од страна на Министерството за здравство во 2010 година за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи за болници во Куманово, Кочани и Крива Паланка со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.

Кривична пријава, според соопштението, е поднесена и против раководителот на проектот при министерството, при што буџетот бил оштетен за околу 62 илјади евра.

XS
SM
MD
LG