Достапни линкови

Димитров на поединечни средби ќе информира за името


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и на политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР. Од Владата за МИА потврдиле дека лидерска средба за преговорите нема да има.

Димитров во петокот во Виена имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

XS
SM
MD
LG