Достапни линкови

Прво рочиште за „Титаник“ во новата зграда на Кривичниот суд


Поранешниот премиер Никола Груевски

Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

XS
SM
MD
LG