Достапни линкови

Пиљаковски: Не сум автор на вулгарните песни


Илустрација.Книги

Даниел Пиљаковски, чие име се најде под песните во стихозбирката „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт во кои има вулгарности, дикриминација и сексизам тврди дека неговото име е злоупотребено од извесен Александар Блажевски и дека тој не е автор на песните.

" Категорично одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај , бидеќи ми се создаваат големи проблеми" се вели во реакцијата на Пиљаковски

Неговото име стои под две песни објавени во Збирка поезија на млади автори, што предизвикаа бројни негативни реакции на социјалните мрежи зашто изобилуваат со недоличната содржина, вулгарности, и дискриминација.

XS
SM
MD
LG