Достапни линкови

Османи очекува чиста препорака за преговори и за члентсво во ЕУ


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи очекува валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, од претстојниот Извештај на Европската комисија.

Според него, Извештајот што ЕК ќе го објави на 17 април, претставува и финале на Планот 3 - 6 - 9.

Османи во денешното неделно обраќање преку својот фејсбук профил, обраќајќи се на македонски јазик, рече и дека со нетрпение ја очекува примената на новиот Закон за употреба на јазиците, не само поради фактот што се работи за очигледна придобивка на Албанците, туку и поради тоа што со Законот, како што истакна, ќе се демантираат сите закани и заплашувања кои се појавија изминатиот период.

Под обраќањето на вицепремиерот, оди титл на албански јази

XS
SM
MD
LG