Достапни линкови

Во Хрватска поројни дождови и силен ветер


Илустрација. Поплава

Хрватска е зафатена со невреме проследено со обилни врнежи од дожд. Хрватските медиуми пренесуваат дека има поплави во одредени делови, како и големи проблеми во сообраќајот. Поради силните удари на ветерот и над 100 километри на час, во прекин се неколку линии на траектот кон среднодалматинските острови на сплитското пловно подрачје.

Сплитската метеоролошка станица регистрирала удар на јужен ветар од 108 километри начас, но според достапните информации, тоа не предизвикало материјални штети.

XS
SM
MD
LG