Достапни линкови

Агенцијата за млади ја повлекува поезијата со дискриминаторски содржини


Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски

По бројните негативни рекции за стихозбирката „Млади поети“ издадена од Агенцијата за млади и спорт, во која се објавени и песни кои изобиливаат со говор на омраза, вулгарности, дискриминација, сексизам и албанофобија,пресс конференција одржа директорот на Агенција, Дарко Каевски. Тој ги осуди песните во кои има навредливи содржини, и истакна дека комисијата била должна да направи селекција на песните и да го извести како директор за забелешките.

„Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи.“ рече Каевски.

Додаде дека веќе разговарал со претседателот на комисијата, кој му тврдел дека не сметале дека треба да прават селекција на песните и дека секој има право на слобода на говор.

„ Треба да има слобода на говор, но не и говор на омраза. Ги повлекуваме сите печатени изданија. Нема повеќе место за говор на омраза и дискриминација" вели Каевски.

Тој рече дека засега не поднесува оставка од функцијата директор и дополни дека поважно да се открие кој е виновен за скандалот.

XS
SM
MD
LG