Достапни линкови

Гувернерот на Кемерово си поднесе оставка по пожарот


Гувернерот на Кемерово Аман Тулеев

Гувернерот на рускиот регион Кемерово се повлекува од функцијата по пожарот во трговскиот центар, во кој загинаа 64 лица, вклучувајќи десетици деца. Администрацијата на сибирскиот регион денеска објави дека гувернерот Аман Тулеев ја поднесе својата оставка до рускиот претседател Владимир Путин "по негово барање". Тулеев и неговите потчинети се соочија со жестоки јавни критики за нивниот одговор на трагедијата, вклучувајќи ги и нивните оценки на јавните напади како политички опортуни.Во видео-обраќањето објавена на веб-страницата на регионалната администрација, гувернерот рече дека неговата оставка е "вистинска и свесна одлука" по трагичниот инцидент. Тулиев (73) е гувернер на регионот од 1997 година. Објавувањето на неговата оставка доаѓа неколку дена откако избувна катастрофалниот пожар во трговскиот центар Зимнијаја Вишњаво регионалниот главен град, исто така наречен Кемерово, вечерта на 25 март. Беа поднесени и жалби до обвинителите, во кои беше наведено дека "неактивноста" од страна на пожарникарите и другите придонесоа за високиот број жртви во пожарот.

XS
SM
MD
LG