Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Владата лаже дека планот 3-6-9 е реализиран


ВМРО-ДПМНЕ лого, амблем

ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение во кое оценува дека владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл и дополлнува дека СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите за кои презеде обврска.

До ова доаѓа откао Владата во соопштение денеска објави дека поминале деветте месеци и оти го заокружиле планот.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку е така тогаш некој од функционерите ќе се појавел и ќе објаснел точка по точка, што се било реализирано.

Во соопштението се додава дека „владата лаже дека планот е заокружен и дека е реализиран, и се додава дека "наназад 9 месеци јавноста гледа се само не конкретни проекти и реформи“.

XS
SM
MD
LG