Достапни линкови

Албанија: Протест поради патарини, Рама не отстапува


Премиерот на Албанија Еди Рама

Протестот на локалното население поради воведувањето на патарина на автопатот Албанија – Косово кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт, а премиерот Еди Рама се огласи со најави за воведување патарина и на други патишта.

Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им се на учесниците дека ќе одговараат пред законот за уништувањето на пунктот и напад на службени лица.

Во меѓувреме според медумите првичниот биланс на повредени е дваесеттина лица, од нив петмина полицајци.

XS
SM
MD
LG