Достапни линкови

Грчки медиуми: Mожна e нова средба Заев- Ципрас


Архивска фотографија.Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија

Ако постои напредок во разговорите, не е исклучена можноста да се одржи нова средба на премиерите на Грција и Македонија, Алекис Ципрас и Зоран Заев, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што јави МИА од Атина, според истите извори, на разговорите во Виена, бил направен напредок, а веднаш по Велигден, ќе продолжат преговорите со средба на двајцата министри за надворешни работи.

" Овој напредок ќе се покаже од подготовката во следните денови, а двајцата министри ќе бидат во континуиран контакт за веднаш по Велигден, можеби во комбинација со некое друго патување на Балканот, одново да се сретнат за да ги споредат ставовите на владите во Атина и Скопје. Секако, ако постојат позитивни одговори, истите извори не отфрлаат средба на двајцата премиери", пишува грчката новинска агенција АНА –МПА.

Дипломатски извори за грчката новинска агенција, потенцирале дека целта е преговорите да стигнат до суштински одлуки што ќе го пресечат Гордиевиот јазол.

За евентуална нова средба на Зоран Заев и Алекис Ципрас, објавија и грчките телевизии во нивните централни изданија на вестите.

"Двајцата министри се согласија да имаат нова средба, а ако постои суштински напредок и има позитивни одговори на прашањето, би можело да се закаже и средба на двајцата премиери", објави државната ЕРТ.

Според телевизиите Скај и Антена, Атина направила отстапки во преговорите, во однос на името, односно отстапила од барањето името да биде на македонски јазик, во еден збор, слеано и непреведено. Но, за возврат бара името да биде ерга омнес и да има промена на Уставот, посебно во членот

XS
SM
MD
LG