Достапни линкови

Русија: Велика Британија да го намали дипломатскиот персонал


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Велика Британија мора да го намали својот дипломатски персонал во Русија. Захарова рече дека Велика Британија ќе мора да намали "малку повеќе од 50" од своите дипломати распоредени во Русија, објави Ројтерс."Баравме паритет. Британците имаат повеќе дипломати од Русите", изјави Захарова за Ројтерс. Руското Министерство за надворешни работи вчера ги повика шефовите на мисиите од 23 земји - претежно членови на Европската унија и сојузниците на САД и протера околу 60 од нивните дипломати. Еден ден претходно, Москва нареди протерување на 60 американски дипломати и затворање на американскиот конзулат во Санкт Петербург во првиот обид да се одмазди против протерувањето оваа недела на повеќе од 150 руски дипломати од западните земји поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија.

XS
SM
MD
LG