Достапни линкови

Русија протера дипломати на 23 земји, меѓу нив Македонија


Илустрација: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија им предаде протестна нота на амбасадори на 23 земји, кои протераа руски дипломати поради случајот Скрипал, а како одговор исти број на дипломати од тие земји, кои работат во дипломатски мисии во Русија, се прогласени за персона нон грата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска повикале 30 амбасадори од земјите кои протераа руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија, со цел да им дадат известување за одговорот на Москва.

Извори од МНР за МИА потврдиле дека македонскиот амбасадор Гоце Карајанов бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде го информирале за дипломатските контра мерки што ќе ги повлече Руската Федерација, откако Македонија одлучи да протера руски дипломат.

Освен Македонија, во листата се наоѓаат Австралија, Албанија, Германија, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Канада, Латвија, Литванија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Украина, Романија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија, стои на интернет страницата на руското Министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG