Достапни линкови

Нимиц: Треба да се решат тешки прашања, но постои позитивно чувство


Архива: Медијаторот Метју Нимиц.

Имавме средби цел ден и тоа беше продуктивен состанок, што ме наведува да бидам оптимист за иднината, изјави денеска медијаторот на ОН Метју Нимиц по денешната средба во Виена со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Нимиц рече дека додека траела нивната средба, биле одржувани и паралелни средби на дипломати и експерти од двете земји, кои како што рече, работеле на помалку контроверзните аспекти од договорот, со фокус на иднината на односите меѓу двете земји.

„Серијата на средби ќе продолжат во иднина, поставивме еден работен пат и можам да кажам дека, без навлагање во детали, ги адресиравме тешките прашања. Се уште постојат тешки прашања кои треба да се решат, но според моето мислење и долго искуство постои многу позитивно чувство“, изјави Нимиц.

Тој додаде дека двајцата министри се фокусираат на длогорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста на добри односи меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG