Достапни линкови

Чавков не бил во куќниот притвор затоа добил притвор


Митко Чавков

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев на денешниот брифинг со новинари посочи дека била донесена одлука за изрекување притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, бидејќи по извршени две контроли на локацијата одредена од Врховниот суд за куќниот притвор тој не бил пронајден. На Чавков по жалбата до Врховниот суд мерката притвор му беше заменета со куќен притвор.

Според Џолев, Чавков самоволно одлучил каде ќе ја издржува мерката куќен притвор и тоа да биде на друга локација. Тој информира и дека во однос на изречените мерки досега биле пристигнати девет жалби. Чавков е обвинет за настаните во Собранието на 27 април, минатата година.

XS
SM
MD
LG