Достапни линкови

Заев со Ахмети разговарал за името и за владината коалиција


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека на вчерашната средба во Собранието со лидерот на ДУИ Али Ахмети станало збор за проблемот со Грција, очекувањата од денешните случувања во Виена и за проширувањето на владината коалиција.

Заев порача дека на Владата и треба постабилно парламентарно мнозинство зашто следуваат сериозни одлуки за Македонија. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека до 10 април очекува да бидат именувани замениците-министри на испразнетите места, директорите на јавните претпријатија и државните секретари, а до 17 април да се донесат реформските закони предвидени со Планот 3-6-9.

XS
SM
MD
LG