Достапни линкови

Мигранти од Авганистан, Пакистан и Иран загинаа во Турција


Мигранти, илустрација

Мигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се меѓу загинатите 17 лица во сообраќајна несреќа во источна Турција. Според турските власти, во несреќата во Игдир биле повредени и 36 лица.

Градоначалникот Енвер Унлу изјави дека комбе преполно со мигранти се удрило во светлосен столб и се запалило. Некои од жртвите умреле при сударот а некои биле прегазени од друго комбе кое исто така пренесувало мигранти. Медиуми јавија дека тие нелегално влегле во државата од Иран.

XS
SM
MD
LG