Достапни линкови

Во израелски напад убиен палестински фармер


Израелски војници на границата со Појасот Газа

Палестинските власти соопштија дека еден фармер загинал, а едно лице е повредно од тенковски гранати во услови на зголемени тензии пред најавените протести кои треба да се одржат на границата со Израел. Израелската војска одби да го коментира случајот.

Палестинците во Појасот Газа планираат да започнат протест со шатори во траење од шест недели во близина на границата со Израел на кои ќе бараат на палестинските бегалци да им се овозможи да се вратат дома. Израелската војска го зголеми обезбедувањето на границата. Повикот за протест беше упатен од милитантната група Хамас која владее во Појасот Газа.

XS
SM
MD
LG