Достапни линкови

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат со Нимиц


Коѕијас, Нимиц и Димитров

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц, на нова рунда преговори за спорот за името меѓу двете земји. Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинствено решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.

XS
SM
MD
LG