Достапни линкови

Тачи: последните настани во Митровица оркестрирани од Србија


Хашим Тачи

Апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во понеделникот во Косовска Митровица, е оркестрирано од Србија, со цел да се создаде „комплицирана состојба“, изјави синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи. Убеден сум дека она што се случи последните денови на северот беше за да се подготви сценарио планирано од Србија, нагласи Тачи. Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ „му наредил на Ѓуриќ да дојде во Косово“.

Кога станува збор за некои закани што дојдоа од Србија во врска со инцидентот во Косовска Митровица, според Тачи, тие претставуваат само празни зборови. Ако тргне војската, ќе се врати како што се врати и возот. Заканите на Вучиќ не импресионираат никого, а најмалку мене, истакна Тачи.

XS
SM
MD
LG