Достапни линкови

Лавров: Москва ќе протера 60 американски дипломати


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати, како и дипломати од другите земји кои истерале руски дипломати, јавуваат светските агенции. Лавров најавил дека Русија ќе го затвори и американскиот конзулат во Санкт Петербург.

„Во овој момент, американскиот амбасадор Џон Хантсман е повикан во министерството каде што ќе му биде изнесена содржината на нашиот одговор кон САД“, изјавил Лавров.

Одлуката следува откако Русија најави дека ќе преземе мерки кои ќе бидат одговор на протерувањето на руските дипломати од страна на Велика Британија, САД, НАТО и многу други западни земји и сојузници. Претходно во текот на денот, оваа информација ја најави и портпаролката на руското МНР Марија Захарова која рече дека мерките ќе бидат соодветни и наскоро ќе бидат откриени.

XS
SM
MD
LG