Достапни линкови

На Саркози ќе му се суди за злоупотреба на службената положба


На поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе му се суди поради злоупотреба на својата позиција за да добие информации за истрага во врска со нерегуларностите во неговата изборна кампања 2007 година, јавуваат агенциите. Истражителите ова го откриле врз основа на телефонски разговори, кои ги преслушувале во врска со одвоен случај, а кои се однесуваат на финансирањето на кампањата на Саркози, во што учествувал и поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Адвокатите на Саркози најавија дека тој ќе се жали на одлуката да му се суди.

Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година. Него на избори го победи социјалистот Франсоа Оланд. Од 2012 година, Саркози е соочен со обвинувања за корупција, кражба, фаворизирање и нерегуларност во врска со финансиската кампања.

XS
SM
MD
LG