Достапни линкови

Уапсени 5 турски државјани во Косово поради поврзаност со Ѓулен


Илустрација

Косовската полиција уапсила пет турски државјани кои работеле во училишта поврзани со турскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој е обвинет за неуспешниот обид за државен удар во Турција од пред две години.

Адвокатот на Ѓулистан образовните институции, Адем Вокши изјави дека турските државјани биле уапсени на пат до нивните работни места. Според него, полицијата не дала објаснување за апсењето, ниту го открива местото каде тие се држат. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека турските државјани се уапсени поради наводно прекршување на дозволата за престој.

XS
SM
MD
LG