Достапни линкови

Џафери нема да стави потпис наместо Иванов на Законот за јазиците


Претседателот на Собранието,Талат Џафери, изјави дека нема да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, неместо претседателот на државата Ѓорге Иванов.

„Нема да ставам потпис под ничие друго име“, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Претседателот на Собранието вели дека се бараат решенија за Законот. Според него решенија постојат, но сега се анализира кое ќе биде најприкладно. Тој вели дека нема рокови за Законот, оти после второто носење не се пропишани рокови, има само обврска претседателот на државата да го потпише. Џафери усно побарал средба со Иванов, ноне добил одговор.

Тој се надева дека од следната недела пратениците од опозицијата се враќаат во Собрание, оти како што вели, аргументот што го користеле со притворените пратеници, сега е исполнет, тие се во домашен притвор, па немаат веќе зошто да го бојкотираат Парламентот.

XS
SM
MD
LG