Достапни линкови

Соработник на Трамп за време на кампањата комуницирал со руски разузнавач


Рик Гејтс

Еден од главните луѓе во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп во последните недели од трката имал постојана комуникација со бизнис соработник за кој ФБИ верува дека имал врски со руското разузнавање. Врската меѓу Рик Гејтс, кој е поранешен заменик шеф на кампањата на Трамп и „Личноста А“, како што е наречена, беше откриена во судските документи подготвени од канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мулер.

Според документите, „Личноста А“, исто така работела на кампањата на Трамп во тоа време. Весникот Њујорк Тајмс ја идентификуваше личноста како Константин Килимник, соработник на поранешниот предводник на кампањата на Трамп, Пол Манафорт и за време на изборите и кога тој работел како консултант во владата на Виктор Јанукович, поранешниот проруски претседател на Украина.

XS
SM
MD
LG