Достапни линкови

Никола Митревски - Кољо сам се пријавил, пренесен е во Шутка


Никола Митревски Кољо во Собранието на 27 април

Никола Митревски - Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.

Управата на КПУ Затвор „Скопје“ за МИА потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот, откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски - Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски - Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието.

XS
SM
MD
LG