Достапни линкови

САД ги осудија тензиите меѓу Косово и Србија


Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.

САД остро ги осудија последните тензии меѓу Косово и Србија, истакнувајќи дека тоа може „непотребно да ги зголеми тензиите и да претставува закана за регионалната стабилност". Реакцијата на САД уследи по случувањата околу апењето на директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој накратко беше задржан во притвор, а потоа протеран од Косово во Србија. Стејт департментот денеска ги повика сите страни да избегнат понатамошна ескалација и да дозволат споровите да се решат по мирен пат.

„За воспоставување траен мир и стабилност на Балканот, Косово и Србија треба да се фокусираат на нормализирање на односите преку дијалогот под покровителство на ЕУ“, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт и додаде дека Вашингтон е подготвен да го поддржи дијалогот.

XS
SM
MD
LG