Достапни линкови

Трамп - Севернокорејскиот лидер се радува за нашата средба


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска рече дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, се радува на средбата со него, која треба да се одржи во мај.

„Добив порака минатата ноќ од претседателот на Кина, Си Џипинг дека состанокот со Ким Џонг Ун се одвива многу добро и дека севернокорејскиот лидер се радува на средбата со мене“, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Во меѓувреме, за жал, остануваат максималните санкции и притисокот по секоја цена, напиша тој. Трамп исто така напиша дека се радуваат за нивната средба.

Лидерот на Северна Кореја го посети Пекинг и се сретна со кинескиот претседател.

XS
SM
MD
LG