Достапни линкови

Протест во Скопје против протерувањето на руски дипломат од Македонија


Скопје- граѓани пред споменикот Воин на коњ на протест против протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, 27.03.2018

Триесетина граѓани вечерва излегоа пред споменикот Воин на коњ на плоштадот во Скопје во знак на протест против протерувањето на руски дипломат од Македонија. Со македонска музика и руски и македонски знамиња тие изразија несогласување со владината одлука.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференцијата со неговата австриска колешка Карин Кнајсл изјави дека одлуката за протерување на рускиот дипломат од земјата ја донеле по внимателно размислување и анализа и поради две причини- да се покаже солидарност со Британија, поради труење со хемиско оружје на поранешниот руски двоен агент и бидејќи протераниот дипломат излегол од својот мандат.

Тој тврди дека протераниот дипломат се обидел да добие класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.

XS
SM
MD
LG