Достапни линкови

Раскинат договорот за рудникот Казандол


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата соопшти дека донеле одлука за едностран раскин на договорот за концесија на локалитетот Казандол кој се наоѓа во близина на општините Валандово, Богданци и Дојран.

Тој рече дека договорот го раскинуваат бидејќи концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години од денот на доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар. Заев додаде и дека Владата нема да плаќа пенали бидејќи концесионерот не го испочитувал договорот.

„Владата е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над кој било приватен интерес и еколошката безбедност на државата над кој било приватен интерес“, рече Заев.

Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник.

XS
SM
MD
LG