Достапни линкови

НАТО протера седум руски дипломати


Белгија- Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес конференција во седиштето на Алијансата, 27.03.2018

НАТО протерува седум дипломати од руската мисија во Алијансата по нападот со нервен отров што се случи месецов во Британија, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. На прес конференцијата што се одржа во Брисел тој рече дека со ова руската мисија се намалува од 30 на 20 лица.

Овој потег на НАТО следува откако владите на 22 земји во светот протераа најмалку 116 руски дипломати поради труењето на агентот Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија на четврти март.

Москва го обвини Вашингтон дека врши притисок врз сојузници да протераат дипломати и најави одговор на таквите потези.


XS
SM
MD
LG