Достапни линкови

Иванов: Одлуката за протерување на рускиот дипломат е избрзана


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов смета дека одлуката за протерување на руски дипломат од Македонија е избрзана, соопштуваат од неговиот кабинет.

„Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ. Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки, претседателот на РМ смета дека одлуката на македонското МНР е избрзана“, се наведува во соопштението.

Иванов повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за како што се посочува, да се спречи можното нанесување на штета во остварување на стратешките цели на Македонија.

XS
SM
MD
LG