Достапни линкови

Могерини на средба со Вучиќ за дијалогот меѓу Србија и Косово


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини денеска попладне ќе го посети Белград каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич најави дека во фокусот на разговорите ќе биде иднината на дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на ЕУ. Таа посочи и дека Могерини е во постојан контакт со лидерите на двете земји.

XS
SM
MD
LG