Достапни линкови

Димитров очекува поместување во спорот за името на средбата во Виена


Министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот грчки колега Никос Коѕијас и со медијаторот на ОН, Метју Нимиц

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за претстојната средба во Виена со неговиот грчки колега Никос Коѕијас и со медијаторот на ОН, Метју Нимиц за спорот за името денеска изјави дека духот и традицијата наградот можеби ќе им помогне да го поместат проблемот напред и да има нешто конкретно и видливо во насока на надминување на прашањето.

Тој порача дека проблемот е најважен за Македонија, но има и важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот. Димитров на прес-конференција со австриската колешка Карин Кнајсл порача и дека во процесот мора да се земат предвид позициите и аргументите на двете страни и тоа е патот што ќе ги донесе кон решение.

XS
SM
MD
LG