Достапни линкови

ОБСЕ со беспилотни летала ќе ја набљудува источна Украина


Украински војник лансира беспилотно летало во регионот Луганск во март, 2015 година

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина соопшти денеска дека повторно ќе ја воведе својата долгорочна програма за беспилотни летала по нејзиното укинување пред година ипол.

Според соопштението на мисијата која го набљудува конфликтот источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти програмата од утре ќе биде ставена во функција во градот Костантиновка. Беспилотните летала, како што е наведено, ќе помогнат во напорите за надминување на пречките во набљудувањето на конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG