Достапни линкови

Седница на српскиот Совет за безбедност по апсењето на Ѓуриќ на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ за вечерва свика седница на Националниот совет за безбедност по апсењето на шефот на канцеларијата на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ во Северна Митровица.

Седницата на советот за безбедност првично беше закажана за утре.

Ѓуриќ и Никола Селаковиќ, генерален секретар на српскиот претседател, беа уапсени денеска, во Митровица, а насобраните околу зградата на Митровачкиот двор беа растерани од косовските специјалци со солзавец. Во Митровачкито двор требаше да се одржи тркалезна маса за внатрешниот дијалог на Косово.

По апсењето и изјавата во полициска станица во Приштина, Ѓуриќ беше спроведен кон границата со Србија.

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека полицијата делувала во согласност со законите при апсењето на Ѓуриќ кој нелегално влегол на Косово.

XS
SM
MD
LG