Достапни линкови

Прекршени безбедносните правила во трговскиот центар во Кемерово


Остатоци од трговскиот центар во Кемрово по пожарот

Рускиот истражен комитет соопшти дека излезите во случај на пожар во трговскиот центар во сибирскиот град Кемеровo биле блокирани, бил исклучен алармот за пожар, а биле прекршени и правилата за безбедност.

Според комитетот, пожарот ќе имал помали последици доколку правилата за безбедност биле почитувани по реотворањето на трговскиот центар во 22013 година, а властите размислуваат за апсење на чуварот во трговскиот центар кој го исклучил алармот откако добил предупредување за пожарот.

Во пожарот кој вчера избувна во трговскиот центар загинаа 54 лица, меѓу кои има и деца. Четири лица се на сослушување за случајот, меѓу кои и шефот на компанијата која го изнајмува просторот каде се верува дека започнал пожарот.

XS
SM
MD
LG