Достапни линкови

Сачевалиев тврди дека Заев барал поткуп за него, црквата и партијата


Премиерот Зоран Заев пред суд за случајот „Поткуп“ во ноември, минатата година

Струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев во своето сведочење пред Кривичниот суд за случајот „Поткуп“ кажа денеска дека обвинетиот, премиерот Зоран Заев му побарал три евра мито, односно по едно евро за него, за црквата и за партијата.

Тој посочи и дека негови се потписите на пишаната изјава која ја дал во обвинителството во декември 2013 година каде тврдел дека Заев му побарал 3 евра поткуп за црквата.

Според Сачевалиев, текстот во изјавата бил променет. Тој посочи и дека инструкциите за снимање на видеото му ја давале двајца претставници од МВР, а опремата била сокриена во неговото палто.

XS
SM
MD
LG