Достапни линкови

Руските амбасадори повикани на разговор во Полска и балтичките земји


Илустрација на британското и руското знаме за политичката и дипломатската криза меѓу двете земји

Руските амбасадори во Полска, Естонија, Летонија и Литванија се повикани на состанок во министерствата за надворешни работи на земјите, јавија руските медиуми без да ја посочат причината.

Претходно беше најавено дека некои земји членки на ЕУ се подготвуваат да ги протераат руските дипломати како одговор на труењето со нервен гас на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија.На 23 март ЕУ го осуди нападот и соопшти дека е многу веројатно оти Русија е одговорна и најави мерки против земјата.

XS
SM
MD
LG