Достапни линкови

Ѕанакопулос: Името да биде во рамката што ја опишува Грција


Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос изрази надеж дека што побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за спорот за името. Тој говорејќи за радиото „Сто Кокино“ посочи дека решението за прашањето треба да биде во рамката што ја опишува Атина.

Според него, постои политичка волја за решение и она што во моментот е важно, не е сложеното име, туку технички и правни прашања за кои има спротиставеност од двете страни. Тие, како што истакнува Ѕанакопулос, се однесуваат на барањето за промена на Уставот на Македонија на што Грција инсистира.

XS
SM
MD
LG