Достапни линкови

Иран со критика до САД за назначувањето на Болтон


Џон Болтон

Иран упати критика до американскиот претседател Доналд Трамп за назначувањето на поранешниот амбасадор во ОН, Џон Болтон за советник за национална безбедност.

Според Иран, неговото назначување е срамно и е знак дека Вашингтон се надева дека ќе ја собори власта во Техеран. Портпаролот на Болтон ги отфрли таквите тврдења и оцени дека се работи за пропаганда на иранските власти.

Болтон беше особено силен критичар на нуклеарниот договор на Иран со светските сили во 2015 година. Тој неодамна на Твитер напиша дека договорот треба да се укине.

XS
SM
MD
LG