Достапни линкови

Ново рочиште за „Поткуп“, ќе биде пуштена целата снимка


Зоран Заев

На денешното рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд треба да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати снимката да биде пуштена на рочиште на кое ќе биде присутна и јавноста. Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено затоа што во Судот немаше техничка можност за презентација на ваква снимка.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

XS
SM
MD
LG