Достапни линкови

Четири деца загинаа во пожар во сибирскиот град Кемерово


Четири деца загинаа, а неколкумина се повредени во пожар кој избувнал во трговски центар во сибирскиот град Кемеровo. Телата на четирите деца биле пронајдени во зградата на трговскиот центар во пламен, јавува руската агенција ТАСС. Локалните медиуми наведуваат дека пожарот избувнал на четвртиот кат, каде се наоѓаат кината и детскиот забавен центар. Според неименуван извор, пожарникарите спасиле 10 лица, додека уште 50 успеале да излезат од трговскиот центар. Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица.

XS
SM
MD
LG