Достапни линкови

Подготовки за Мировна конференција за Авганистан


Американскиот државен потсекретар за политички прашања, Томас Шенон, денеска треба да пристигне во Узбекистан на тридневна посета на разговори со узбекистанските лидери и за да присуствува на меѓународната мировна конференција за Авганистан во Ташкент. За време на неговата посета ќе се сретне и со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиев и со министерот за надворешни работи, Абдулазиз Камилов.

Ташкентската конференција треба да започне утре, иако министрите за надворешни работи од петте централноазиски земји се очекува да се состанат со авганистанските власти во текот на денешниот ден. Конференцијата се одржува по таканаречената Кабулска конференција, кој се одржа во главниот град на Авганистан на 28 февруари, кога авганистанскиот претседател Ашраф Гани предложи безмилосни преговори со Талибанците.

Претставниците на повеќе од 20 земји се очекува да се соберат во Узбекистан, вклучувајќи ги и САД, Европската унија, Пакистан, Иран, Кина и Русија.

Стејт департментот соопшти дека конференцијата на Ташкент "ќе се заснова на напредокот постигнат на Кабулската конференција на 28 февруари, како континуирана демонстрација на меѓународната поддршка за мирно политичко решение во Авганистан".

XS
SM
MD
LG