Достапни линкови

Москва негира дека финансиски им помага на Талибанците


Русија ги отфрли тврдењата на командантот на НАТО силите во Авганистан дека им помага на Талибанците и им испорачува оружје, додека растат тензиите поради информациите за вмешаност на Москва во тамошните судири, пренесува Ројтерс. Руската амбасада во Кабул ги отфрли коментарите како обични шпекулации.

"Повторно истакнуваме дека таквите изјави се неосновани и апелираме на официјалните лица да не зборуваат глупости", соопштуваат од амбасадата во Кабул.

Генералот Џон Николсон минатата недела изјави дека Русија се обидува да ги поткопа напорите на САД иако имаат заеднички интерес во борбата против тероризмот и наркотиците, наведувајќи дека Москва им дава на Талибанците финансиска поддршка па дури и оружје.

XS
SM
MD
LG