Достапни линкови

Пучдемон уапсен во Германија


Поранешниот каталонски претседател Карлoс Пучдемон е уапсен во Германија, јавуваат Би Би Си и Ројтерс. Германската полиција го задржала Пучдемон кога со автомобил поминувал од Данска во Германија, соопштува неговиот адвокат. По Пучдемон беше издадена потерница во Финска откако поранешниот претседател ја посети земјата за разговори со пратениците. Тој се враќаше во Белгија, каде што живее во самонаметнато прогонство. Пучдемон ја напушти Финска откако властите потврдиле дека од Шпанија добиле барање за екстрадиција.

Шпанскиот суд во петок издаде потерница за шест официјални политичари Каталонци меѓу кои и Пучдемон. Пет политичари меѓу кои и Пучдемон побегнаа во Брисел минатиот октомври. Шпанските власти го обвинуваат Пучдемон за пуч поради неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во октомври минатата година, кога беше организиран референдум за отцепување. Според шпанското законодавство, за државен удар се предвидува затворска казна до 30 години.

XS
SM
MD
LG