Достапни линкови

Брод со 192 патника удрил во карпа во Јужна Кореја


Брод со 192 патника удрил во карпа на југозападниот брег од Јужна Кореја, соопштија официјалните власти според кои во моментот се спроведува акцијата за спасување. Неименуван извор на јужнокорејската крајбрежна стража изјавил дека изгледите за спасување на патниците се добри, бидејќи бродот не потонал и не ја изгубило рамнотежата за време на несреќата. Несреќата се случила во близина на местото каде што во 2014 година се случила слична несреќа во која загинале повеќе од 300 лица

XS
SM
MD
LG