Достапни линкови

Стефановиќ: Реконструкција на српската влада за еден месец


Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека реконструкцијата на Владата ќе биде завршена за околу еден месец и истакна дека тој не се плаши за својата министерска позиција. Тој истакнал дека не го интересира премиерската функција и дека такво место никој не му понудил. Стефановиќ истака дека конечниот збор за реконструкцијата ќе ја даде претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, која, како што наведе, ја поддржува во донесувањето на реформските одлуки и во која има доверба бидејќи добро ја работи својата работа.

XS
SM
MD
LG