Достапни линкови

Анкета: Мнозинството Срби се против членство на земјата во НАТО


Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето, покажале резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања.

Денеска се одбележува 19-тата годишнина од воената операција на НАТО против Србија. Како главна причина за 78-дневната операција, раководството на НАТО го посочи спречувањето на геноцидот на албанското население во Косово. Извинување од НАТО не би прифатиле два проценти од испитаниците, додека една третина, претежно млади луѓе, би прифатиле. Според 68 отсто анкетирани, Србија не може да има корист од членството во НАТО.

Повикувајќи се на податоци на Фондот за хуманитарно право, Институтот за европски прашања наведува дека во бомбардирањето на НАТО против СРЈ биле убиени вкупно 758 лица. Анкетата е спроведена од 16 до 20 март, на примерок од 1.203 граѓани.

XS
SM
MD
LG